Претставници на ИК на ВМРО-ДПМНЕ меѓу граѓаните: Ништо од ветеното не е реализирано

Членови на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ заедно со членови на политичката партија остварија средба со граѓаните во повеќе општини.

Тие се сретнаа со граѓаните од Кратово. Од овде граѓаните посочија дека живеат сиромашно и дека поради тешкиот живот се поголем број на граѓани се иселуваат од регионот.

Лошата економска состојба во државата  ја чувствуваат и граѓаните од населените места во околината на Битола. Имено тие порачаа дека нема нови инвестиции, нема нови работни места и дека власта не презема ништо за да се подобри ситуацијата во државата.

Средба со граѓаните имаше и во Ѓорче Петров, Волково. Граѓаните се пожалија дека надлежните немаат реализирано ништо од ветеното во предизборието.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.03.2019 - 15:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега