СДСМ и ДУИ ќе се сретнат утре за да го финализираат договорот за социјалните реформи

СДСМ и ДУИ ќе се сретнат во понеделник за да го финализираат договорот за социјалните реформи, објави Алсат-М. Досега владините партнерите се договориле од Законот за пензии да се отстрани условот „еден ден работно искуство”, кое, според ДУИ беше проблем главно за пензионерите Албанци. Измените предвидуваат пензија да му следува на секој кој ќе наполни над 65 години и кој не поседува имот од кој би можел да си обезбеди приходи.

 
 

„Постигната е заемна спогодба за да се отстранат сите дефиниции кои беа најголем интерес на заедницата што ние ја претставуваме. Веќе нема потреба за дефиниции, да има еден ден работно искуство, со цел да бидат во можност да добијат социјална пензија“, рече Артан Груби.

Со новиот предлог закон се предвидува додатокот за трето дете да може да го добиваат само семејствата кои имаат приходи под минималната плата, а не како што беше до сега, за сите граѓани.

„Ние не се откажавме од додатоците за трето дете. Во предлог – законите кои дојдоа во Парламентот стои додаток за трето дете, но ќе го добијат најранливите социјални категории. За време на дебатата ќе најдеме најдобро решение“, додаде Груби.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.03.2019 - 10:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега