ВМРО-ДПМНЕ: За Пендаровски и за Заев не постои ниту устав, ниту закон, ниту право, ниту правдина

За Пендаровски и за Заев  не  постои ниту устав, ниту закон, ниту право, ниту правдина, ова стои во денешната реакција на ВМРО-ДПМНЕ во врска со соопштението на СДСМ.

-Случајот 27-ми април, е политички монтиран процес, против сите неистомисленици на Зоран Заев. Според изреченото во пресудата нема ниту еден аргумент и доказ за делото за кое се товарат сега осудените. Македонија е единствената држава во Европа во која во 21 век во затворите има политички затвореници, луѓе кои имаат различни политички ставови со Зоран Заев. Злото наречено СДСМ мора што побргу да си замине. Со победа на Гордана Силјановска Давкова,  ќе биде почеток на рушење на заевизмот и мотив за распишување на предвремени парламентарни избори, стои во писмената реакција на партијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.03.2019 - 10:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега