Славева: Заев бесрамно лажел за смртта на Никола Младенов

Никола Младенов не бил убиен. Тогашните органи на истрагата не прикривале никого. Напротив, професионално ја завршиле работата и ја утврдиле фактичката состојба.

Ова на денешната прес-конференција пред седиштето на СДСМ го изјави Маја Славева од ВМРО-ДПМНЕ.

„Зоран Заев е ликот кој бесрамно лажел и се обидел политички да профитира од трагичната несреќа. Нечовечно и некрофилски ги манипулираше семејството, пријателите и јавноста изјавувајќи дека станува збор за убиство и ветуваше дека тој ќе ја откриел вистината. Три години подоцна вистината ја откри сопругата на Младенов. Таа потврди дека Зоран Заев е човек без образ кој лаже и се обидува да профитира од туѓи трагедии. Сопругата на Младенов откри дека се работи за сообраќајна незгода предизвикана од неприлагодена брзина“.

Таа вели дека и три дена по обелоденувањето на информацијата Заев молчи и се крие. 

„Молкот од страна на колегите на Младенов и новинарските здруженија, јасно покажува дека веќе никој не му верува на Заев и не очекува ништо од таков карактер. Неговата манипулација со несреќата на Младенов јасно говори колку бескрупулозно си поигруваше и со судбините на роднините на убиените кај Смилковското езеро, и со случајот на Мартин Нешковски, и со Диво Насеље“, рече таа.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.03.2019 - 14:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега