Силјановска: Ќе бидам претседател на страна на народот и ќе се залагам за сите проблеми на граѓаните

Кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова денеска оствари средба со граѓаните на Охрид.

Како што информираат од нејзиниот штаб, таа го посетила манастирот Св. Петка во Велгошти каде се сретнала со локалното население и службата на манастирот. Силјановска остварила средба и со мештаните од Лескоец при што разговарале за нивните проблеми, особено во поглед на урбанизмот и екологијата.

„Мора заедно да се охрабриме и да се бориме против ненародната влада која покажува негрижа за сопствените граѓани во сите сфери. Ветувам дека како претседателка ќе се залагам за истакнување на сите проблеми со кои се соочуваат граѓаните и дека секогаш ќе бидам на страната на народот“, рекла Силјановска на средбите со жителите од Охридско.

Во овие посети, Силјановска била придружувана од кандидатот за градоначалник на Охрид, Митре Милошевски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, како и членот на ИК, Кирил Пецаков.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.03.2019 - 14:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега