Трагедија во Скопје: 12 годишно дете почина откако врз него падна гол

Загина 12 годишно дете на фудбалското игралиште под Кале во Скопје. Како што информира полицијата, 12 годишниот С.М. ноќеска половина час по полноќ, се фатил за пречката од голот по што целиот гл паднал врз него и му нанел тешки повреди во пределот на главата. Неговиот татко веднаш го однел во Градската општа болница но докторите не можеле да сторат ништо и С.М. починал. Полицијата излегла на терен и извршила увид.

30.09.2013 - 20:06

најчитано сега