ВМРО-ДПМНЕ со фотографија како доказ: Дескоска лаже како Заев

ВМРО-ДПМНЕ денеска со реакција за тврдењата на Министерство за правда дека не примиле амандмани од ВМРО.

Рената Десковска лаже како Зоран Заев. Срамен е начинот на кој што таа и Заев ги злоупотребуваат државните институции во одбрана на лагите и манипулациите на Зоран Заев.

          Ја повикуваме Рената Десковска да го отвори сопствениот маил и да каже дали добила или не порака од претседателот на Комисијата за правни работи на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Менкиноски точно во 16 часот 19 минути и 16 секунди ?

          За да се смали просторот за манипулации еве и помош на Десковска. Во прилог ви испраќаме слика од маилот во кој што се испратени амандманите во атачмент.

          Го разбираме Зоран Заев и СДСМ дека се во паника и не знаат што да прават, но лажењето на граѓаните не е опција и не смее да биде случај.

          ВМРО-ДПМНЕ ги поднесе предлог амандманите во насока на подобрување на предлог законот, кој е клучен за правосудството во државата, нашите предлог амандмани се во согласност со меѓународното право, праксата на меѓународните судови и конвенциите за заштита на човековите права.

Инаку, реакцијата следи откако Мицкоски обелодени дека се пратени 65. амандмани, а Правда демантираше.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.03.2019 - 23:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега