СДСМ: Мицкоски лажеше среде дебата во живо

СДСМ денеска се огласија со соопштение за амандманите од ВМРО-ДПМНЕ и негираа дека стигнале вчера преку ден.

- Во директен пренос Мицкоски лажеше дека поднеле амандмани во хартиена форма Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се фатени во нова лага. На вчерашниот тв дуел, Мицкоски во директен телевизиски пренос лажеше пред граѓаните дека неговата ВМРО-ДПМНЕ поднела амандмани за Законот за јавно обвинителство. Мицкоски лажеше дека ВМРО-ДПМНЕ до Министерството за правда во хартиена форма поднела амандмани за Законот. Потоа, ВМРО-ДПМНЕ лажеше дека поднеле амандмани преку меил во 16:19. Што се однесува до амандманите поднесени електронски преку меил, истите стигнале во 20:19, откако беше откриено дека Мицкоски лаже за амандманите, велат од партијата.

 ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски многу добро знаат како се одвива процедурата за поднесување амандмани и затоа јасно е дека ова е уште еден нивен јалов обид за манипулирање. Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се посветени единствено на лажни вести што станува нивен единствен начин на делување, стои во соопштението испратено денеска.

Од друга страна претходно опозициската партија испрати фотографија и соопштение дека амандманите ги пратиле преку ден и дека СДСМ и Правда лажат.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.03.2019 - 10:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега