ВМРО-ДПМНЕ до Дескоска: Зошто не го отворите меилот да ги видите амандманите

Откако денеска владејачката СДСМ излезе со соопштение до јавноста и кажа дека не стигнале амандмани од ВМРО-ДПМНЕ преку ден, се огласија и од опозициската партија.

- На Рената Треневска Десковска на 26 март во 16 часот 19 минути и 16 секунди и се испратени 65 предлог амандмани на предлогот на Законот за јавно обвинителство. Десковска злоупотребувајќи ги државните институции се става во одбрана на лагите и манипулациите на нејзиниот шеф  Зоран Заев. Дескоска да одговори пред граѓаните и пред јавноста зошто не го отвора сопствениот маил и да каже дали добила или не порака од претседателот на Комисија за правни работи Тони Менкиноски?, прашаа од ВМРО-ДПМНЕ:

 

       Од партијата велат дека Заев е во паника и очај, соочен со слабиот рејтинг што го има тој и неговиот кандидат за претседател Стево Пендаровски, па се служи со лажење.

        -  ВМРО-ДПМНЕ ги поднесе предлог  амандманите во насока на подобрување на предлог законот кој е клучен за правосудните органи во Република Македонија.ВМРО-ДПМНЕ смета дека на македонското правосудство им се потребни вистински реформи кои ќе бидат во согласност со меѓународното право, праксата на меѓународните судови и конвенциите заштита на човековите права, а не фингирани реформи за кои што се бори криминалниот картел на СДСМ, Заев и Десковска, завршуваат од партијата.

Оваа реакција следи на соопштението на СДСМ дека Мицкоски лажел во програма во живо.

- Во директен пренос Мицкоски лажеше дека поднеле амандмани во хартиена форма Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се фатени во нова лага. На вчерашниот тв дуел, Мицкоски во директен телевизиски пренос лажеше пред граѓаните дека неговата ВМРО-ДПМНЕ поднела амандмани за Законот за јавно обвинителство. Мицкоски лажеше дека ВМРО-ДПМНЕ до Министерството за правда во хартиена форма поднела амандмани за Законот. Потоа, ВМРО-ДПМНЕ лажеше дека поднеле амандмани преку меил во 16:19. Што се однесува до амандманите поднесени електронски преку меил, истите стигнале во 20:19, откако беше откриено дека Мицкоски лаже за амандманите, изјавија СДСМ.

Претходно и министерката Дескоска негираше на Фејсбук дека и стигнале амандмани и кажа дека часовникот на ВМРО доцнел 4 часа.

- „На вистинско место – на театар, додека надвор се случувала вистинска драмолетка околу амандманите. Денеска ВМРО-ДПМНЕ два пати покажа дека живеат во паралелна реалност: прво тврдеа дека сме прифатиле нешто што никогаш не сме им прифатиле. Вечерва тврдеа дека доставиле во пишана форма амандмани во Министерството, па потоа рекоа дека пратиле на мејл. Ама дознавме и дека не живеат само во паралелна реалност, туку и саатот им доцни – најмалку 4 часа. Но, според постапките изгледаат изгубени и во времето. Само не ми е јасно зошто им требаше целата оваа драмолетка?!“, реагираше Дескоска.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.03.2019 - 12:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега