Тетовчанец се обидел да се самоубие - со пиштол си пукал во градите

Вчера тетовчанец се обидел да си го одземе животот пукајќи си во градите. Се работи за 49-годишниот О.П. од Ново Село кој во текот на вчерашниот ден во својот дом во градите си пукал со пиштол кој го поседува без дозвола, пренесе Курир.

Тетовчанецот веднаш бил префрлен во болница во Тетово, од каде бил упатен во Ургентниот центар во Скопје. По извршените хируршки интервенции се наоѓа надвор од животна опасност. 

Како што пренесува Курир, О.П. најверојатно имал психички проблеми.

01.10.2013 - 09:56
Фото: 
Евести

најчитано сега