Ахмети - Тимоние: ДУИ ги поддржува реформите

Денескa во Скопје, претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети оствари работна средба со Амбасадорот на Франција, Кристијан Тимоние.
 
 Претседателот на ДУИ, Ахмети зборувал за последните случувања во земјата, реформите во судството, владеењето на правото, претседателските избори, но и европските парламентарни избори какои состојбата во регионот. 
 
Ахмети ја истакнал важноста од спроведувањето на реформите во насока на владеење на правото и исполнување на европските стандарди, додавајќи го неговото очекување за постигнување на консензусот со опозицијата околу реформските процеси. 
 
-ДУИ е целосно посветена во поддршката и спроведувањето на реформите со надеж дека во јуни овие наши напори ќе се земаат во обзир од Брисел - кажал Ахмети. 
 
Амбасадорот на Франција ги обелодени француските согледувања околу случувањата во земјата, регионот и Европската Унија и ја истакна поддршката на Париз за нашата земја. 
 
Ахмети и Тимоние дискутирале и за дијалогот Приштина - Белград. 
 
Соговорниците истовремено зборувале и околу процесот на градењето на ДУИ за следните две децении.
 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.03.2019 - 18:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега