СДСМ: Северна Македонија не смее да застане, носиме перспектива за младите

СДСМ денеска со соопштение до јавноста.

Данска го ратификува Протоколот за членство во НАТО, одиме напред, Северна Македонија - 30 та членка на Алијансата

 Парламентот на Данска без ниту еден глас против го ратификува протоколот за полноправно членство на Република Северма Македонија во НАТО.

 

 По Грција, Бугарија, Албанија, Црна Гора, Словенија, Хрватска, Романија и Литванија, Данска е деветта земја членка која даде зелено светло за влез на нашата земја во НАТО.

 

 Се остваруваат врвните национални интереси, по деценија уназадување, Република Северна Македонија тргна напред, станува 30 та земја членка на НАТО Алијансата.

 

 Тешките одлуки кои што се донесоа се влог во иднината. Влезот во НАТО не значи само безбедност и стабилност, туку со себе носи и напредок, силна економија, подобар живот за сите и отворени перспективи за младите.

 

 Како напредуваме во интеграциите, како се ближиме до членство во НАТО и ЕУ, така се повеќе бенифиции ќе добиваат граѓаните и државата.

 

 Затоа, не смееме сега да застанеме, Република Северна Македонија мора да продолжи напред, силна и обединета околу вистинскиот пат, патот на интеграциите, развојот и напредокот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.03.2019 - 09:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега