ВМРО-ДПМНЕ: Заев се што вети излажа

ВМРО-ДПМНЕ денеска со соопштение за јавноста во кое ги обвинуваат СДСМ за хаос во земјоделието.

СДСМ континуирано ги лаже земјоделците и сточарите, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Зоран Заев се што им вети на земјоделците пред избори ги излажа. Поради неисполнетите ветувања на Заев, земјоделците од Велес излегоа на протест. Погубните политики на оваа влада го уништуваат земјоделието и сточарството во Македонија. Сточарството и земјоделието  се пред колапс. Ниските откупни цени за јагнето се грабеж врз сточарите. Сточарите се уценувани од откупувачите заради негрижата и незаинтересираноста на државата и Министерството за земјоделие.  Откупните цени се катастрофални и погубни за сточарите. Сточарите мака мачат додека Министерот се луксузира по хотели со пет звезди на најефзотичните дестинации, се наведува во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека оваа влада е синоним за неуспех и политики кои што негативно се одразуваат врз земјоделието низ целата држава.

-Министерот Николовски  на чело со Заев и СДСМ мора да поднесе одговорност за очајната состојба во македонското земјоделие. Со СДСМ Република Македонија само тоне. Нема просперитет со власта на Заев, токму затоа потребно е што побргу да си заминат, посочуваат од партијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.03.2019 - 09:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега