СДСМ до ВМРО: Со нас заврши времето кога осиромашуваа земјоделците

Откако ВМРо-ДПМНЕ со соопштение кажаа дека Заев се што ветил излажал и дека земјоделството со него пропаѓа, се огласија и од СДСМ, а реакцијата ви ја пренесуваме интегрално.

ВМРО-ДПМНЕ да престане да глуми загриженост и лицемерие  кон земјоделците.

 Поради погубните и криминални политики на ВМРО-ДПМНЕ, земјоделците беа понижени, а земјоделството тонеше и  имаше негативен тренд во учество во БДП во последните квартали од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 За разлика од таквиот однос, Министертвото за земјоделство, стопанство и шумарство гради партнерски однос и е во постојана комуникација со земјоделците, каков што е случајот и со вчерашната средба на МЗШВ со здруженијата на одгледувачи на овци.

 

 Во следниот период, Министерството ќе излезе со конкретно предлог решение за да им помогне на одгледувачите на овци и нема да дозволи сточарите да трпат загуби од сопственото производство.

 

 Во меѓувреме, зголемена е сумата за набавка на добиток од 14 на 91 милиони денари, вклучително и за овчарство.

 

 И претставниците на здруженијата на одгледувачи на овци позитивно ја оценуваат транспарентоста и соработката со МЗШВ бидејќи тоа е вистински начин да се добие точна бројка на овци за да се направи правилна распределба на субвенциите.

 

 Времето кога земјоделците осиромашуваа поради погубните политики на Власта беше одлика на ВМРО-ДПННЕ и заврши со нивното заминување во опозиција.

 

 Владата предводена од СДСМ продолжува со активности кои значат вистинска грижа за земјоделците и подобрување  на условите за развој на земјоделството како една од клучните стопански гранки.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.03.2019 - 10:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега