АНКЕТА: Само во март Силјановска ја зголемила предноста пред Пендаровски за 20%

Професорката Гордана Силјановска има значително поголема поддршка од својот противкандидат Стево Пендаровски меѓу читателите на Press24. Според анкетата во последната недела од март 63% од оние 5.300 наши читатели кои решиле да го дадат својот глас, ја поддржале Гордана Силјановска, додека 37% се одлучиле да гласаат за Пендаровски.

Идентичен беше резултатот и во третата недела од март, додека во првите две, Силјановска имаше помала предност.


Најблиску беа на почетокот на месецот кога од скоро 9.000 наши читатели 52% се определија за Силјановска а 48% за Пендаровски. 
Трендот покажува дека Силјановска само во март за околу 20% ја зголемила својата предност пред Пендаровски или за 11 процентни поени.

Press24 ќе го тестира расположението на своите читатели и во наредниот период.
Вашиот глас можете да го дадете и на оваа анкета.

Гласањето е тајно. Резултатите го покажуваат расположението на читателите на Press24, односно на оној дел од нив кои решиле да гласаат на анкетата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.03.2019 - 11:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега