СДСМ до Мицкоски: Зошто не дадеш одговори за фирмата на баџанакот

 

СДСМ денеска со обвинувања и критики за Мицкоски.

Како што се доближуваат претседателските избори, така и нервозата во белиот дворец станува се  поголема.

 Христијан Мицкоски и денеска молчи и на даде одговори за фирмата на неговиот баџанак Јорданчо Јанев, „Дано Транс ЕООД“ формирана во Бугарија во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 Мицкоски и остана должен на јавноста да одговори кој е неговиот личен  интерес од фирмата на неговиот баџанак бидејќи станува збор за фирма од најтесното семејство на Хидро Мицкоски.

 

 Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ и  Мицкоски не научија дека со ништо не можат да ја попречат вистината да излезе на виделина.

 

 Нервозата кај Мицкоски е разбирлива, но јавноста од него очекува јасни и директни одговори.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.03.2019 - 15:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа