Кузмановска: Премиерот Заев да поднесе одговорност за катастрофалната економска политика

На денешната собраниска седница пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Лилјана Кузмановска, рече дека треба да се преземе одговорност од премиерот Зоран Заев за економијата во Република Македонија.

Таа праша зошто капиталните расходи во Буџетот од почетокот на 2019 година се во износ од најниска реализација досега, од 3,53 проценти, а јавноста доби ветување од власта дека во 2019 година ќе нема градежна машина која ќе биде неактивна. Пратеничката Кузмановска потсети дека во време на ВМРО-ДПМНЕ на најголемо процентуално реализирање на капиталните расходи од 80 проценти, тогашната опозиција СДСМ упатила најмногу критики.

Таа го праша премиерот Заев зошто не се ангажира Владата во делот на подобрување на економските политики за заживување на економијата.

Пратеничката Кузмановска го праша министерот за финансии Драган Тевдовски кој ќе ја сноси одговорноста за  избрканите странски инвестиции, ниската, рече дека нема ништо од данокот на добивка од 3 проценти, а одлив на мозоци се случува секојдневно во Македонија.

Таа го замоли министерот Тевдовски во име на сите сметководители да се повлече Законот за сметководители и да се доработи со точните забелешки од сите амандмани кои ќе бидат поднесени.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.03.2019 - 20:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа