Мицкоски од скопски Аеродром: Претседателските избори се првиот чекор на пад на оваа власт

 

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва оствари средба во граѓаните во ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром.

 Мицкоски овде размени мислење со граѓаните за најважните прашања и можеше да се види дека нема човек којшто не е револтиран од оваа власт која што и нанесе штета на Република Македонија во големи размери.

-Незадоволни се лекарите затоа што не ја добија платата од 100 илјади денари кои власта им ја ветуваше, незадоволни се таксистите чии горива постојано растат, стопанствениците кои се мета на рекет од власта и мора да плаќаат зголемени даноци, истакна Мицкоски при средбата со граѓаните во ОК на ВМРО-ДПМНЕ Аеродром.

Мицкоски на средбата со граѓаните го спомна горливиот проблем на општина Аеродром при којшто на граѓаните им се ветуваше мораториуми на градбите, а на само десетина метри од Владата никнува бетонска повеќе катница и огромна зграда. Сето ова покажува дека се работи за матни зделки со кои власта ги полни џебовите.

При посетата во Аеродром Мицкоски  истакна дека секаде владее класична лага којашто и се случува на Република Македонија, на македонскиот народ, на македонската нација, но и на сите граѓани коишто се свесни дека оваа реалност во Република Македонија мора да се промени.

Тој додаде дека претседателските избори се првиот чекор на пад на оваа власт и дека  тие се чекорот до конечна смена на централната власт.

-Да се избориме за правда, за честитост, за подобра и силна Македонија. Аеродром тоа го може, порача Мицкоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.03.2019 - 20:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега