Тешка сообраќајка во Скопје- маж заврши на Ургентно

Вчера во 19 часот и 30 минути  на крстосницата од булевар „Киро Глигоров“, улица „808“ и улица „15-ти Корпус“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу мопед „Јиндинг“ со скопски регистарски ознаки, управуван од З.Р.(51) од Скопје и патничко возило „Фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.С.(52) од Скопје.

Според прјавеното во незгодата со тешки телесни повреди се здобил З.Р, кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

31.03.2019 - 10:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега