Изгаснати четири од пожарите кои „дивееја“ во Македонија

Во текот на вчерашниот ден беа активни повеќе од 13 пожари, но за среќа четри од нив се ставени под контрола и изгаснати.

Имено вчера целосно бил изгаснат пожарот што настана на 28.03.2019 над маалата „Аџии“ и „Траканица“ во село Саса-Македонска Каменица во кој изореа папрат, сува трева, борова и букова шума. Во гасење на пожарот учествувале екипи од Територијалната противпожарна единица Македонска Каменица, вработени во Шумското стопанство „Голак“-Делчево, вработени во ЈП „Камена Река“-Македонска Каменица и вработени во рудникот „Саса“.  

Исто така во 10.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар покрај железничките пруги во правец од железничка станица „Драчево“ кон железничка станица „Лисиче“, при што биле опожарени околу 100 дрвени нефункционални прагови, жици и два оптички кабли од два контактни столба. Повредени лица нема. Во 13.20 часот пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита.

Нешто подоцна во 11.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар над манастирот „Св.Богородица“ во село Матка, при што биле опожарени околу 15 хектари нискостеблеста шума. Во 15.30 часот пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита. Додека пак околу 18 часот во Полициското одделение Осломеј било пријавено дека на место викано „Долг Камен“ во атар на село Калешовци настанал пожар, при што била опожарена сува трева, стрништа, смреки, високо и нискостеблеста дабова шума и овошни насади на површина од околу 1000 метри квадратни. Во 19.10 часот пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Кичево.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

31.03.2019 - 10:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега