Внукот со метален предмет и камен го удирал во глава - почина маж од Кочани

 

Маж почина во болница во Штип откако беше нападнат од својот внук, информира полицијата. Вчера во СВР Штип било пријавено дека околу 13:00 часот во Клиничката болница Штип починал 66-годишниот С. М. од Кочани, кој бил физички нападнат во неговиот дом, од неговиот 19-годишен внук В.З., кој со метален предмет и камен му нанел повреди на главата. Телото на починатиот е предадено на обдукција. В.З. е приведен и задржан во Полициската станица Кочани за понатамошна постапка. Известен е јавен обвинител.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

31.03.2019 - 15:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега