Го удрил воз додека се движел на пруга - повреден странски државјанин донесен на Клиника

 

Странски држајванин тешко повреден бил донесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“, информира МВР. Според пријавеното, повреденото лице било донесено во текот на денот со возило на Итна медицинска помош од Гевгелија, а на нив им било предадено од екипа на Црвен Крст. Во разговор со полициски службеници тој изјавил дека се вика У.Ш., дека е од Пакистан и дека бил удрен од воз додека се движел по пруга. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.  

 

 

 

Добивајте вести на Viber

31.03.2019 - 16:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега