Осумгодишно дете со тешки повредни во болица- прилепчанец со автомобил удрил во него

Вчера попладне во 14 часот и 20 минути на крстосница од улиците „Војводинска“ и „Ладо Ланецот“ во Прилеп, патничко возило „Фиат добло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Ѓ.(49) од Прилеп удрило во осумгодишно дете од Прилеп.

Според пријавеното детето се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено во Градската болница-Прилеп каде му била укажана лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Прилеп.  

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.04.2019 - 10:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега