Несреќа во охридско: „Југо“ изгубило контрола и излетало од патот - едно лице тешко повредено

Синоќа во 19 часот и 50 минути на локалниот пат село Вапила-село Косел, охридско, кај место викано „Лозја“, патничко возило „Југо Корал 55“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 74- годишниот В.В од Охрид, изгубило контрола и излетало од патот.

Притоа, В.В. се здобил со тешки телесни повреди и му била укажана лекарска помош во болницата „Свети Еразмо“ во Охрид, соопштуваат од МВР.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Охрид.   

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.04.2019 - 10:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега