Вечерва започнува Сахара Балканскиот мировен фестивал - еве кој ќе ја забавува публиката

Сахара  Балканскиот мировен фестивал започнува вечерва по 23 часот на плоштадот Македонија. Манифестацијата ќе започне со перформанс на танчари од студиото на Шајмак Давар од Индија и од Македонија.

Претходно најавеното отворање на Фестивалот со факел на мирот кој попладнево познати македонски личности требаше да го носат низ Скопје е откажано, поради  временските услови.

Давар  досега работел со артисти како Стинг, Брајан Адамс и Еди Грант, а соработка има со Опра Винфри, Том Круз, Ричард Гир, Вил Смит, Мајлк Даглас и Стиви Вондер. Досега бил режисер на глобални настани како Затворањето на игрите на Комонвелтот во 2006 година во Мелбурн и 2010 година во Делхи. Инаку, полчасовниот перформанс пред Камениот мост во Скопје ќе биде дополнет со танц на неколку стотини танчери од балетскиот училишен центар и изведување на сопствена песна на малиот Ангел Бекарски. На настанот ќе бидат испратени пораки за мир.

Утре ќе биде одржан добротворен мировен самит. Организаторите најавуваат присуство на педесетина светски лидери - поранешни претседатели, премиери, министри, амбасадори, холивудски ѕвезди и претставници од балканските земји. Меѓу говорниците ќе биде и поранешниот британски премиер Тони Блер кој за првпат ќе ја посети Македонија.

По повод фестивалот, во Скопје пристигна и сопственикот на Сахара групацијата, Субрата Рој.

01.10.2013 - 12:24
Фото: 
Нетпрес

најчитано сега