Ципрас: Грција ќе ја поддржи Северна Македонија во нејзините напори да стане дел од ЕУ

Во Владата во тек е прес-конференцијата на премиерите на Северна Македонија и на Грција Зоран Заев и Алексис Ципрас.

-Ние сме тука да гледаме напред, да гледаме кон иднината. Да градиме мостови наместо да градиме ѕидови. Вчера папата изјави дека оние коишто градат ѕидови се наоѓаат самите како затвореници на тие ѕидови, а тие кои се обидуваат да ги срушат ѕидовите, тие градат мостови. Ова е визија којашто е од клучно значење и за Европа и за Балканот. Грција ќе ја поддржи Северна Македонија во нејзините напори да продолжи со нејзините реформи и да стане дел од Европската Унија. Јас верувам дека овие напори се вредни, ние ќе бидеме тука да ве поддржиме, како и целиот процес. Му благодарам на мојот драг пријател Зоран и неговите министри коишто ме пречекаа со љубов, со чувство на вистинско пријателство, верувам дека денес градиме силно пријателство помеѓу нашите влади и нашите народи - кажа Алексис Ципрас во своето обраќање на денешната заедничка прес-конференција со Зоран Заев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.04.2019 - 13:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега