СЈО бара Чавков да сведочи за „Тортура“

Љубе Бошкоски не се жалеше за постапувањето во затворот „Скопје“, каде што беше во притвор, но имаше поплаки при постапувањето на полицијата при неговото апсење, изјави Кирил Ефремовски, вработен кај Народниот правобранителна денешното рочиште за случајот „Тортура“, пренесува „Фокус

-По добиени сознанија за состојбата на Бошкоски беше формиран предмет кај Народниот правобранител, по што беше извршен увид во затворот. Имаше поплаки при постапувањето на полицијата при неговото апсење. Не сакаше да разговара за деталите но посочи дека ги пречекориле овластувањата, се однесувале грубо, го пцуеле и ми се заканувале, рече сведокот.

 

На наредното рочиште на 10 мај ќе бидат сослушани уште неколку сведоци, меѓу кои и екс министерот Митко Чавков. Тој ќе треба да биде спроведен од затворот „Скопје“ каде што се наоѓа во притвор по пресудата за „27 април“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.04.2019 - 14:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега