Аналитичарот Вудман откри какво значње има кога политичарите одбираат црвена вратоврска

Изборот на црвената вратоврска на премиерот Заев денеска беше протолкувана како боја која претставува моќ и страст, вели аналитичарот на трендови Марк Вудман, кој често го коментира стилот на политичарите, пишува „Женски магазин“

 Заев, за средбата со неговиот грчки колега Алексис Ципрас, денеска во Скопје избра црвена вратоврска со точки.

Аналитичарот тврди дека не е случајност што речиси сите светски политичари често носат црвени вратоврски кои ги комбинираат со светли кошули и со темни костуми. Модниот аналитичар додава дека политичарите сакаат вратоврски со повпечатливи бои за да не им бидат здодевни на луѓето околу нив додека зборуваат. 

Темните тонови на облека укажуваат на изградба на доверба, а вратоврските со црвена боја се поврзуваат со креативноста.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.04.2019 - 15:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега