Полицијата бара од земјоделците да бидат внимателни кога се движат по сообраќајниците

 Во екот на подготвителни земјоделски активности на поширокото полошко подрачје што деновиве се проследени со зголемена раздвиженост по патиштата кои водат до нивите на полошките земјоделци, СВР Тетово упати апел и препораки за користењето на земјоделската механизација.

Препораките пред сé се однесуваат на начинот на користењето на земјоделската механизација (трактори) исклучиво за намената, а не и за превезување на лица.

Покрај техничката исправност и важечката регистрација, со земјоделските машини задолжително да управуваат лица со положен возачки испит, а не и малолетници. Од СВР Тетово ја потенцираат и појавата кога механизацијата се движи навечер и по сообраќајно пофрекфрентни патишта.

– Во вечерните часови, механизацијата, односно тракторите да бидат соодветно осветлени за да можат да се забележат од другите учесници во сообраќајот. Доколку не се почитуваат овие препораки, сопствениците на земјоделска механизација ќе се соочат со законски предвдените поднесоци, со напомена дека глобата за нерегистриран трактор изнесува 500 евра во денарска противвредност, вели Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Оттаму потенцираат овие укажувања на полошките земјоделци доследно да ги почитуваат и да не ја доведуваат во прашање сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.04.2019 - 15:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега