Дескоска: Тоа што во преговарачкиот тим за СЈО има осомничен говори за нивната позиција

Министерката за правда, денеска во пресрет на новиот обид да се дојде до договор за судбината на СЈО помеѓу власта и опизицијата истакна дека преговарачкиот тим на ВМРО-ДПМНЕ има легитимно право да го вклучи Антонио Милошоски, иако тој е осомничен во истрагата „Моќник“ на специјалното обвинителство.

Таа посочи дека сепак вклученоста на учесникот во спротивниот табор зборува за „нивната позиција и резервираност“ кон приоѓањето на овој проблем кој треба да се реши на барање на Европската комисија како дел од реформските процеси кои имаат краток рок.

„Секоја пратеничка група и секоја партија си го составува преговарачкиот тим. Нивната оценка кој ќе ги застапува најдобро нивните интереси можете ја видите од составот на тимот и секако тоа праќа порака кои позиции ќе им бидат приоритетни во преговорите, но нивно дискреционо право е да си го состават тимот“, кажа Дескоска.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.04.2019 - 15:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега