СПМ: Кога СДСМ бил искрен кон земјоделците?

Од страна на главната домаќинка во спремањето на зимница во СДСМ за политиката во земјоделството повторно се слушнаа зборовите за „алармантна“ состојба. Овој пат изостанаа дефинициите „во паника или во хаос“, но тоа веројатно ќе го очекуваме во следните излегувања со неверојатни произволни констатации и извртување на фактите.

Да запрашаме, колку е вкупниот откуп на домашната пченица во 2002 или 2003 година, на пример? Во годините кога СДСМ се грижеше за македонскиот аграр.

Или колку би било тоа изразено во проценти од вкупното производство на пченица?

Или сепак, вкупната количина на откуп на пченицата се пресметува врз основа на пријавените количини од регистрираните откупувачи, нешто што во СДСМ секако дека треба да им е познато.

Ќе запрашаме уште дали воопшто во СДСМ им е познато колку од вкупната количина пченица е предмет на откуп, колку од таа количина индивидуалните земјоделски производители сами ја преработуваат во брашно и колкав дел од неа се троши како сточна храна, со оглед на нејзиниот квалитет?

Веројатно во СДСМ им е познато дека не секоја пченица може да се користи за човечка исхрана.

Доколку се имаат во предвид сите овие параметри може да се заклучи и висината на процентот на откупената меркантилна пченица и залихите кои се останати за задоволување на потребите за други цели.

Да ги потсетиме во СДСМ дека формирањето на откупната цена е договор на две страни, произведувачите и откупупувачите.

Улогата на Министерстерството е во медијацијата за полeсно договорање на двете страни.

Што се однесува до ветувањето на Владата за откуп на пченица за стоковните резерви тоа само на СДСМ му е познато. Нешто што тие посакувале, но не како помош за земјоделците, туку како начин за создавање дополнителен проблем.

Воведувањето на мерката за условен увоз на пченица и брашно со обврзувачки откуп на домашна пченица господата од СДСМ го сметаа за лоша одлука. Сега истата ја поздравуваат, а потребно е да се потсетат дека од нивна страна беа организирани посебни собраниски расправи на кои со сите сили настојуваа истата да се укине со констатација дека е штетна.

Да ги потсетиме во СДСМ дека своеремено токму тие беа вклучени во преговорите и токму тие ја прифатија на целосната отвореност на македонскиот пазар за странски производи. Ним многу добро им е познато на кои услови се имаат согласено.

Само политичка партија каква што е СДСМ со недефинирани и редовно променливи ставови во една прилика една иста работа ја критикува, а во друга прилика за истата се залага.

Па во која прилика СДСМ ја зборува вистината и кога е искрена кон земјоделците?

Во СДСМ треба да им е јасно дека меркантилната пченица е производ чија што цена се одредува врз основа на понудата и побарувачката на регионално ниво.

Оттаму и моменталната цена на овој производ се движи во рамките од 8 денари за килограм како што и тие констатираат. Но сигурно им позната просечната откупна цена од 12,6 денари за килограм.

Веројатно во СДСМ се свесни за гафот кој покажаа со непознавањето на воведување на правилникот за користење на заштитни контролни марки на секое пакување брашно. Тоа се однесува и на произведеното брашно во домашниот мелнички сектор, но и на увезеното брашно. Тоа впрочем и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство им го укажа на СДСМ.

Секако на СДСМ треба да им познато дека вкупно посеаната површина со пченица во 2013 година е зголемена за 19%.

Точно е и тоа дека приносот по единица површина во 2013 година изнесува околу 3 тони, за разлика од 2,6 тони во 2012 година.

Оттаму веселата математика на СДСМ станува интересна со наведеното намалување на вкупната реколта и обработените површини.

Изреченото лицемерие на СДСМ за судбината на земјоделците претставува дрскост која тие ја препознаваат.

Веројатно во СДСМ сметаат на финансиските средства на нивниот претседател како можност за покривање на цената до 15 денари.

Неискреноста на политичката партија каква што е СДСМ која не така одамна на 9 септември најави редефинирање на аграрните политики и финансиската поддршка со укинување на субвенциите за земјоделците не и дава морално право да зборува за земјоделството и да манифестира грижа за земјоделците.

Едноставно СДСМ, главниот растурач на македонското земјоделство, го нема тоа право.

(Интегрален текст од писмено соопштени на СПМ)

01.10.2013 - 13:11

најчитано сега