Се преврте трактор на стариот пат Битола-Ресен, маж со тешки повреди пренесен во болница

Вчера околу 12 часот и 30 минути во СВР Битола било пријавено дека на стариот пат Битола-Ресен, се превртел трактор.

Според МВР во атар на село Братиндол, 57- годишниот В.Н од село Беранци паднал од трактор, кој го управувал Р.Т.

Тој бил пренесен во Клиничката болница Битола каде му биле константирани тешки телесни повреди и му била укажана лекарска помош.

Увид извршила екипа од СВР Битола.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.04.2019 - 15:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега