СДСМ: Мицкоски вели Силјановска е поголемо ВМРО од нас - знаеме

 

СДСМ со соопштение до јавноста кое ви го пренесуваме интегрално:

Христијан Мицкоски и директно ја демантира неговата кандидатка Гордана Силјановска, која лажно и неискрено се претатавува дека е натпартиски кандидат.

 

 Мицкоски порача дека Силјановска е многу повеќе ВМРО-ДПМНЕ отколку многу други во партијата.

 

 Пропадна обидот на Силјановска лажно да се претставува како натпартиски кандидат.

 

 За само три дена Силјановска пласираше три големи лаги со што се профилира како поддржувач на лагите и лажните вести на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

 

 Граѓаните не прифаќаат претседателски кандидат да ги лаже, да зборува едно, а друго да прави. Затоа, на изборите, граѓаните нема да дозволат партиски послушници и лицемери да застанат на чело на државата.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.04.2019 - 09:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега