СДСМ: Ја исправивме долгогодишната неправда кон лозарите

Бетиане Китев, пратеник во Собранието на Република Македонија, со соопштение до јавноста.

Владата предовдена од СДСМ продолжува со грижа кон земјодлеците. Исправена е долгогодишната неправда кон лозарите од нашиот регион.

Во текот на вчерашниот ден исплатени се парите кои приватните винарници “Повардарие” и “Стефани Винарија” им ги должеа на лозарите за предаденото грзоје во 2015 и 2016 година.

77 милиони денари или над 1,2 милиони евра се иплатени кон над 2.000 лозари од Тиквешкиот регион за неплатеното, а предадено производство.

Овие пари се враќаат директно кај лозарите, за да ги вложат во ново производство на квалитетно грозје. Ова е пример за вистинска грижа кон земјоделците, кон лозарите, кон граѓаните.

Продолжуваме со спроведување на политиките што обезбедуваат грижа за земјоделците, унапредување на земјоделството и повеќе пари кај секој граѓанин, кај секое семејство.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.04.2019 - 11:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега