Кампања полна гафови и нелогичности - граѓаните одбиваат да одат на митинзи

Вистински циркус ни е кампањата за претседателските избори. Вака граѓаните ги коментираат првите неколку дена од стартот на промоцијата на претседателските кандидати.
Се чини врвот беше достигнат вчера, кога Премиерот Заев се обиде „човечки“ да се претстави пред своите сопартијци и поддржувачи, објаснувајќи дека е обичен човек од Мутрино, кој понекогаш го викале Зајче.

Ништо подобро не помина ни Силјановска пред неколку дена во Кавадарци, кога градот го помеша со Неготино, што за оние кои живеат во Тиквешијата е „смртен грев“

Да не ја заборавиме и изјавата на Пендаровски кој вели дека е 102,5% Заев. Тоа и немаше да биде толку тажно, ако истовремено, истиот не критикува дека Силјановска била иста како Иванов, а Мицкоски како Заев.
И кога на се тоа ќе додаде дека Премиерот го фрла сидрото за да одиме напред (веројатно мислејќи на едрото) веројатно местото ни е таму, каде што е и сидрото, на дното.

Но се чини еден добар момент е што и политичките партии веројатно сфатија дека на граѓаните им е преку глава од политичките тензии, пазарења, комбинации и дека нема да има кој да има доаѓа на митинзите па затоа се решија наместо стандардното она што го гледаме за изборите, во оваа кампања да одат со помали т.н. дебати на кои не им е проблем да соберат стотина локални партиски поддржувачи, да им нарачаат прашања и да ги слушаат нивните пофалби.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.04.2019 - 11:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега