Градот Скопје доби три нови камиони за чистење

 

Три нови камиони за чистење денеска беа предадени во функција на градот Скопје. Донацијата, која е од Градот Виена, австрискиот амбасадор во Скопје, Томас Бајер свечено ја предаде на градоначалникот Коце Трајановски.

- Благодарни сме за оваа донација од Градот Виена, кој важи за еден од најчистите и најубавите градови во Европа. Се надеваме дека во периодот кој следи ќе разменуваме искуства и позитивни практики кои ќе придонесат до подобра системска организација и ефикасност на терен од страна на нашите служби. Добиваме три квалитетени и високо ефективни камини, кои се надеваме дека долго време ќе ги користиме и ќе ни помогнат во секојдневната работа, изјави директорот на Комунална Хигиена Ракип Дочи.

Соработката меѓу градовите Скопје и Виена е воспоставена преку македонската компанија Пакомак и нејзиниот партнер во Австрија.

01.10.2013 - 16:48
Фото: 
Региони.мк

најчитано сега