ВМРО: „Гласот за Стево Пендаровски е глас за поддршка на Заев, Марин и Шилегов“

Гласот за Стево Пендаровски е глас за поддршка на Заев, Марин и Шилегов. Денешната прес конференција е со цел да се потсетиме на нивните лаги, Дејан Митески, Претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Аеродром.

-Ветија и излажаа: нова спортска сала, мултинаменски затворен простор за културно-уметнички настани, реконструкција и проширување на главната улица во Долно Лисиче, нови подземни контејнери, нов паркинг простор околу црковниот двор и уште многу други проекти. После една ипол година локална власт, во Долно Лисиче можеме да видиме само дупки, прашина, кал и општ хаос во секојдневното функционирање на жителите. Ништо од ветувањето за реконструкција на улицата. Иако Марин веќе два пати најавува почеток, крајот не е на повидок. Поврзувањето на споредните улици на водоводната мрежа не е направено. Дупките за жал уште долго време ќе сведочат за лагите, а Марин наместо да се потруди да реализира бар еден проект, во ек на изборната кампања повторно со лажни ветувања го актуелизираше овој горлив проблем за долнолисичани. Повелете градоначалник, прошетајте низ Долно Лисиче, слободно како граѓанин, без обезбедување и полиција, со сопствено, а не службено возило поминете по патот, можеби така навистина ќе го разберете проблемот на овие наши сограѓани, порача тој.

Митески истакна дека уште еден сериозен проблем за жителите на Долно Лисиче е добивањето на одобренија за градење.

-Апелираме да им се овозможи на жителите слободно, без проблеми, во редовна законска постапка да добиваат одобренија за градење, а дополнително преку советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на прва наредна седница на Советот ќе предложиме намалување на висината на комуналиите, на симболични 1 евро за м2, со цел да им се овозможи на нашите сограѓани слободно да градат семејни куќи. Локалните проблеми се секојдневие во животот на овие луѓе, но за жал локалната власт е глува за решавање на истите. Првата опомена СДСМ ќе ја добие на претседателските избори, Долно Лисиче масовно ќе ја поддржи Гордана Сиљаноска Давкова како кандидат за Претседател на Република Македонија. Правдата ќе победи, а ние секогаш ќе Ве потсетуваме на лагите кои ги ветувавте, истакна тој.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.04.2019 - 13:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега