Детали за несреќата во Македонија: Пожарникари три часа сечеле за да го извлечат возачот

Сообраќајка помеѓу товарно возило и минибус кај Дреновска клисура, повреден е возачот на товарното возило, кое излетало од патот. Тој бил префрлен во кавадаречката болница.

Оваа информација ја потврди Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес. Сообраќајот се одвива наизменично по една лента.

Припадниците на Противпожарната единица од Кавадарци три часа сечеле дел од каросеријата на товарното возило за да го извлечат повредениот возач, пренесе МКД.МК.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.04.2019 - 10:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега