Пендаровски: Жените мора активно да бидат вклучени во секое поле од општественото живеење

Доколку победи на претседателските избори и стане претседател, Стево Пендаросвски ќе назначи посебна советничка за родова еднаквост и промоција на учеството на жените во политиката. Ова тој го соопшти при најавата на дебата за родова еднаквост како дел од неговата изборна кампања.

-Жените мора активно да бидат вклучени во секое поле од општественото живеење – ова ќе биде моја заложба како ваш иден претседател. Ќе назначам посебна советничка за родова еднаквост и промоција на учеството на жените во политиката.
Сите политики треба да се креираат врз основа на реалните потреби во општеството и во оваа насока многу ми е важно да ги слушнам мислењата и ставовите на нашите граѓани и граѓанки. Ве поканувам во сабота (13.04) во Public room да разговараме за родовата еднаквост, унапредување на положбата и правата на жените во нашата држава, напиша Пендаровски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.04.2019 - 23:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега