СДСМ: Македонија е турната во „маѓепсан круг на задолженост“!

Владата повторно ја задолжи Република Македонија!

Од банките вчера се подигнати 145 милиони евра! Двојно повеќе од најавеното задолжување од страна на министерството за финансии.

 Од нив, 70 милиони евра се нов долг! Останатите 77 милиони евра се за раздолжување на Владата.

 СДСМ укажува дека Македонија е длабоко турната во „маѓепсан круг на задолженост“! И што е најстрашно, вчерашната аукција на хартии од вредност покажа дека не станува збор само за повлекувања на средства и за раздолжувања, туку и за нови задолжувања!

 Бидејки Владата сериозно ја задолжи државата, а македонската економија реално тој долг не може да го отплаќа, следат новите задолжувања, пред `се за краткорочно покривање на достасаните долгови.

 На овој начин задолженоста останува!

 Но, имајќи ја предвид намерата на Владата да го зголеми буџетскиот дефицит, паралелно ќе следи и задожување за покривање на тековни трошоци.

 Досега, вкупниот домашен долг, само во периодот јануари 2012 – август 2013 година е зголемен за речиси три пати!

 СДСМ прашува:

 -Дали Владата знае каде ова ќе ја одведе земјава?

-Дали Владата има предвид, со новите задолжувања, колку ќе може да ја одржува состојбата во однос на ликвидноста на Буџетот, со што редовно се фали?

- И, размислува ли оваа неодговорна Влада што ќе им остави на идните генерации?

 

Интегрален текст од изјава на СДСМ.

 

 

02.10.2013 - 12:36