ФОТО: Ова е полицаецот Виктор кој загина додека беше на работа

 

На Градските гробишта Куманово, со сите воени почести вчера беше погребан полицаецот Виктор Цветковски, кој загина додека ги извршуваше работните задачи.

Од Цветковски се прости семејството, роднините, пријателите и неговите колеги полицајци од Полициската станица Куманово, министерот Оливер Спасовски, директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски и други вработени во МВР.

Цветковски загина додека со свој колега полицаец-практикант бил на повик на поплака од граѓанин во кумановската населба Ајдучка Чешма. Откако ја завршиле задачата тргнале кон возилото, кога во нив удрил пијан возач. Цветковски им подлегнал на повредите на лице место, додека повредениот полицаец е пренесен на лекување на Скопските клиники.

Потоа возачот продолжи да вози и предизвика сообраќајка, па повреди уште две лица, а се преврте и со сопственото возило.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.04.2019 - 08:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега