Тешка несреќа во Македонија, двајца на Ургентен

 

Околу 15,30 часот било пријавено дека на регионалниот пат Пекланска река-Бигла се случила сообраќајна незгода помеѓу моторцикл “Кавасаки“ управуван од 27-годишниот Д.Г. од Виница и патничко моторно возило “Рено“ со делчевски регистерски таблици управувано од 48-годишниот Г.С. од село Драмче-Делчево.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на моторциклот кој со возило на Итна медицинска помош - Виница бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје, а со телесни повреди се здобила Ј.П. од Делчево сопатник во возилото.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Виница и се работи на целосно расчистување на случајот.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.04.2019 - 10:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега