Во домот на ресенчанец пронајдена рачна бомба од 1944 година

 

Вчера во 13.00 часот во Полициската станица Ресен било пријавено дека на улица „Јосиф Јосифовски“ во Ресен,  во домот на Ј.Н. била пронајдена една рачна бомба од италијанско потекло со производство од 1944 година.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Ресен, а од стручно лице од Дирекцијата за заштита и спасување бомбата била безбедно подигната за понатамошна постапка.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.04.2019 - 10:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега