Таравари: ДУИ нема да успее да обезбеди повеќе гласови во вториот круг од претседателските избори, а СДСМ ќе доживее фијаско

ДУИ нема да успее да обезбеди повеќе гласови во вториот круг од претседателските избори, а СДСМ ќе доживее фијаско на следните парламентарни избори, кажа генералниот секретар на Алијаса за Албанците, Арбен Таравари во интервју за Пресинг ТВ 

Тој вели дека разочараноста кај граѓаните е голема и дека затоа излезноста била ниска, а владејачката коалиција изгубила голем број гласови во првиот круг. Останува на ставот дека нема да има политички пазар за гласовите кои ги доби Блерим Река и дека гласачите треба да одлучат по сопствено убедување кого ќе поддржат. Доколку има предвремени парламентарни избори Таравари остава простор за коалицирање со ВМРО-ДПМНЕ.

- И СДСМ и ДУИ ги казнија гласачите Албанци. На парламентарните Заев доби 50 000 до 60 00 Албанци гласачи. Сега заедно СДСМ, ДУИ и сателите околу ДУИ што се ситни албански партии не добија 40 000 гласови. Заев кажа дека е најпопуларен политичар меѓу Албанците, а сега излезе дека Блерим Река доби два пати повеќе гласови од Заев. Река заедно со Касами и Села. По трендот по кој се оди со секојдневни афери, со непотизам, со разно разни однесувања кои асоцираат на стариот режим, СДСМ ќе има фијаско и дебакл на следните избори. Сега ако овие бројки од првиот круг ги гледаме како резултати на парламентарни би биле 54 пратеници само ВМРО-ДПМНЕ, 54 пратеници СДСМ со сите партии и 12 Алијанса и БЕСА“,вели Таравари.

Во однос на можно колаицирање со ВМРО-ДПМНЕ вели:

-Јас се надевам дека новото раководство на ВМРО-ДПМНЕ ќе почне да рефлектира поинаку, да покаже дека остава простор за соработка и со партии кои се од други етнички заедници, а посебно од албанската. И требаат реформи на ВМРО-ДПМНЕ, иако најголемиот дел од компромитираните политичари сега се кај СДСМ. Полека ВМРО се реформира. Само треба да покаже дека комплетно се дистанцира од почесниот претседател“, истакна Таравари.

Скептик е дека ќе се постигне цензусот во вториот круг од претседателските избори.

-Не очекувам да има цензус. Би сакал да има успешни избори и да избереме претседател. Кај Албанците мотивираноста се покажа каква е. Сега ќе направат напори ДУИ, оти бројките им се катастрофални. Нема да успеат ништо повеќе, дури и помалку ќе имаат, освен ако им дадат да гласаат брзо како за референдумот во Зајас за еден час 200 луѓе, тогаш ќе има поголем број“, вели Таравари.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.04.2019 - 11:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега