Велес: Ја ограбил својата баба, па ја истепал
Обвинетиот, кој е внук на оштетената, на 09.11.2018 година околу 07.30 часот, заедно со уште едно лице – дете влегле во куќата на бабата на обвинетиот. Знаејќи каде оштетената ги чува парите, обвинетиот одзел една најлон кеса во која имало пари во износ од 62.000,00 денари во различни апоени, 140 евра и разни документи. За тоа време детето кое било со обвинетиот стоело покрај бабата на обвинетиот, внимавајќи таа да не зебележи што се случува. Но, откако оштетената ја видела кражбата и почнала да вика, детето почнало да ја удира. По стореното кривично дело, двајцата излегле од куќата по што одземените пари ги поделиле меѓусебно.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа