Без лекување хемороидите не исчезнуваат, тие напредуваат

Лекување без операција и без болка во ОН КЛИНИК – Софија, Варна и Бургас.

Луѓето кои страдаат од хемороиди обично касно дознаваат дека постои безкрвна метода за моментално справување со проблемот. Токму поради тоа, тие го одолговлекуваат неговото решавање, обидувајќи се да ги ублажат болките со лекови или игнорирајќи ја крвта на тоалетната хартија, со надеж дека тоа нема да се повтори. Но, тоа секогаш се повторува, хемороидите не исчезнуваат туку преминуваат во следната фаза на развој и се почесто ќе потсетуваат за своето постоење.

„Многу често пациентите сметаат дека доколку нема изразена болка, тогаш не постои причина за грижа – смета д-р Христозов, проктолог во ОН КЛИНИК. Но, тоа не е правилниот пристап. Хемороидите се само едно од многубројните заболувања на дебелото црево, меѓу кои се и полипи, чирови, проктитис итн. Ако се дијагностицираат навреме и точно, лекувањето поминува брзо и без компликации. До 3-от стадиум на развој се применува неоперативна метода во амбулантни услови – без престој во болница. Во понапредна фаза на хемороидите има голем ризик од применување на оперативна интервенција.”

Затоа не бидете пасивни! Консултирајте се со квалификуван проктолог уште при првите сомневања. Во цел свет ОН КЛИНИК е водечки медицински центар за отстранување на хемороиди без операција. Клиниката располага со 3 филијали во Бугарија – Софија, Варна и Бургас.

Дијагностиката се одвива под видео надзор – областа што се испитува многукратно се зголемува и детално се следи состојбата на аналниот канал. Лекувањето на хемороидите се спроведува со краткотрајни манипулации. Во основата на хемороидниот јазол се поставува латексно ластиче за да се спречи неговото снабдување со крв и за една недела тој се “суши” и спонтано паѓа за време на дефекација.

Повеќе информации и закажување термин на следниот телефон: +359 885 488 088 или преку онлајн платформата: https://onclinic-bg.com/zapazi_chas

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.04.2019 - 14:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега