СДСМ: ВМРО изгуби и почна да плаче

ВМРО-ДПМНЕ изгуби во првиот круг од претседателските избори, велат од СДСМ денеска. Ви го пренесуваме соопштението во целост.

 Ова не беа локални избори, а онаму каде што имаше предвремен избор за градоначалник исто така ВМРО-ДПМНЕ загуби.

 На изборите црвен картон доби деструктивниот концепт на Сиљановска, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ кои загубија во првиот круг и тој факт не го побива ниту една весела математика на Мицкоски и Сиљановска.За ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Сиљановска општините Карпош, Центар, Чаир, Шуто Оризари, Сарај каде што загубија со огромна разлика очигледно не се дел од Град Скопје, па во очај се самоохрабруваат лажејќи дека победиле во цело Скопје.

 Навикната на уцени, притисоци и закани пред избори што ги вршеше врз граѓаните, институциите и приватните компании, ВМРО-ДПМНЕ денес не може да се помири дека на фер, демократски и слободни избори нивната кандидатка Гордана Сиљановска загуби во првиот круг и убедливо ќе изгуби и во вториот круг од претседателските избори.

 Вчера ВМРО-ДПМНЕ лажеше за наводни притисоци врз приватни компании кои експресно беа демантирани, а денеска лаже за наводни притисоци во Град Скопје. Сценарија постојат само во главите на Сиљановска и Христијан Мицкоски кои заглавени во режимската матрица бараат алиби за убедливиот пораз на 5 мај.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.04.2019 - 16:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега