ВМРО: Додека Спасовски шета по митинзи убиства се случуваат во Македонија

ВМРО-ДПМНЕ денеска реагираше на убиството во Рашче, а соопштението ви го пренесуваме целосно.

Ново убиство во Рашче, според најновите информации усмртено е едно лице од огнено оружје од кое е пукано од возило со бугарски регистарски таблички.  Македонија се повеќе наликува на некое воено жариште, а не на држава во Европа. Спасовски наместо да го чува јавниот ред и мир оди по партиски митинзи.

 Полициски инспектори, наместо во расчистување на крвни деликти и обезбедување на безбедноста се во првите редови на митинзите на Пендаровски.

  Заев, Спасовски и Педаровски мора да одговорат дали полицискиот службеник Елхам Шкрета, кој го нарече Заев икона, бил на работа како полицаец и во исто време се појави на партиски митинг на Пендаровски?

  Зошто Јовче Ременски и останатите полициски службеници наместо да го чуваат јавниот ред и мир се во првите редови на митинзите на СДСМ? Ова ли е професионализацијата која ја ветуваше господине Заев?

  Почитувани,

  избезумена и во страв ја злоупотребува полицијата за да ги шиканира граѓаните. Наместо да брка криминалци, полицијата брка недолжни граѓани. Пендаровски знае дека ќе изгуби и во вториот круг и затоа вчера во Градско Спасовски пушти полициски службеници кои казнувале членови и активисти на ВМРО-ДПМНЕ без никаква причина.

  Во текот на вчерашниот ден две возила на сообраќајната полиција и неколку инспектори во цивилка извршиле буквална опсада на Градско и изрекле преку 100 казни за нивните возила.

  Полицијата буквално им влегувала по куќи на граѓаните и ги казнувале за возилата паркирани пред домовите на луѓето или пак во самите дворови, барани им се сообраќајни и им се прегледувани возилата. Без причина, само затоа што се членови на ВМРО-ДПМНЕ.

  Од тука ќе испратам јасна порака. ВМРО-ДПМНЕ го осудува злоупотребувањето на власта, полицијата не смее да служи како алатка за притисок. Одговорност за ова, како за наредбодавачите, така и за директните извршители мора да има.

  Уште еднаш ќе ви порачаме. Ниту една закана, уцена или притисок нема да ги исплашат нашите граѓани. Идат подобри времиња.

  Гордана Силјановска Давкова, е идната претседателка на Македонија која ќе донесе право и правдина. Таа е почетокот на промените и враќањето на демократијата во Република Македонија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.04.2019 - 17:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега