СДСМ: Силјановска е лицемерна и помасовно ќе загуби во вториот круг

СДСМ со соопштение за политиките на Силјановска Давкова.

Кандидатката на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ Гордана Сиљановска е типичен пример за транзициски профитер и симбол на непотизам и тој факт ВМРО-ДПМНЕ не може да го прикрие со ниту едно празно обвинување.

Нејзиниот сопруг добил бизнис со фришоп додека таа била министерка во првата влада во 90тите што ВМРО-ДПМНЕ ја нарекува „транзициска“.

Тој класичен чин на непотизам, судир на интереси и злоупотреба на функцијата, и во тоа време наидува на жестока критика токму од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните го препознаа лицемерието, ја препознаа нечесноста и неискреноста на Сиљановска и затоа таа и ВМРО-ДПМНЕ загубија во првиот круг од претседателските избори и ќе загубат уште помасовно во вториот круг.

На 5 мај граѓаните нема да дозволат нечесни и неискрени личности, симбол за непотизам и злоупотреби, залутани во политиката да застанат на чело на државата.

Граѓаните нема да дозволат транзициони профитери како Сиљановска да застанат на чело на државата.

На 5 мај граѓаните ќе одберат напредок, сигурна иднина, ќе го изберат Стево Пендаровски за претседател на државата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.04.2019 - 17:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа