Мицкоски: Ова се последни политички чекори за измамници како Заев
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски оствари посета во ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Бутел каде ги поздрави членовите и симпатизерите на партијата.
-Во Бутел победуваме. Народот е на нозе и огромното мнозинство се спротивставува на оваа деспотска власт. Ни треба милиметар повеќе за победа на деспотот, за победа на правдата и ставање крај на сите неправди. Губат, губат на анлетите губат кај народот, и многу брзо ќе се соочат со законот и сите неправди кои стојат зад нивната работа. А во Македоника ќе имаме триум на правдата за која се изборкл народот, посочи Мицкоски.
Тој пред граѓаните на Бутел истакна дека ВМРО-ДПМНЕ е во значителна предност во однос на СДСМ и професорката Гордана Силјановска Давкова во однос на Стево Пендаровски.
-Очекувам дека на 5 мај во недела резулатати ќе бидат уште поубедливи. Но, за да дојдеме до таа убедлива победа потребен е уште еден дополнителен чекор бидејќи милиметри ни недостасуваат да триумфот биде комплетен, да ја отвориме вратата за предвремени парламентарни избори, да победиме на тие предремени парламентарни избори, а потоа да ги засукаме ракавите и да работиме и да си ја кренеме татковината од пепел и даја вратиме онаму кадешто и е местото, потенцираше претседателот Мицкоски.
Претседателот Мицкоски од Бутел рече дека ќе биде тешко за претседателските избори бидејќи изминатиот период граѓаните беа изложени на закани, уцени, злоупотреби.
-Но, мора да издржиме , мора да стегнеме заби бидејќи деспотот е на колена, овие политички измамници ги чекорат последните чекори во нивната политичка кариера, порача Мицкоски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа